ПОРАДИ САНКЦИИТЕ ПРОТИВ ПУТИН, ДЕРИПАСКА МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ТРИ ПРИВАТНИ ЛУКСУЗНИ АВИОНИ

    ПОРАДИ САНКЦИИТЕ ПРОТИВ ПУТИН, ДЕРИПАСКА МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ТРИ ПРИВАТНИ ЛУКСУЗНИ АВИОНИАвионите се од типот „галфстрим“ и важат за ексклузивни летала омилени кај луѓето од бизнис џет-сетот. Галфстрим изложен на авио саемот на авиони на аеродромот Бурже близу Париз во јуни минатата година (Фото: Г. Михајловски)

    Рускиот тајкун Олег Дерипаска мораше да врати три приватни авиони кои ги изнајмил, поради американските санкции против луѓе блиски на рускиот претседател Владимир Путин.

    Авионите се од типот „галфстрим“ и важат за ексклузивни летала омилени кај луѓето од бизнис џет-сетот. Тие сега се на продажба, а почетната цена е 29,95 милиони долари за еден.

    Враќањето на авионите е показател колку длабоко влијаеле санкциите врз бизнис империјата на Дерипаска, која директно влијае на неговата фирма за алуминиум „Русал“.

    Алиреза Итихадеи, директор на „Фрестрим“, компанија која сега ги има огласено авионите за продажба, рече дека авионите биле изнајмени од менаџментот на компанија која е контролирана од фирмите на Дерипаска.

    „Тој е под санкции, неговите фирми се под санкции и тој мораше да ги врати авионите. Договорот му беше раскинат порано според  правилата за санкции“, кажа Итихадеи.

    Прес службата на фирмата на Дерипаска „Русал“одби да коментира за Ројтерс.

    Дерипаска беше вклучен на црната листа за санкции на САД на 6 април, бидејќи властите во Вашингтон кажаа дека тој и другите руски олигарси профитирале од „малигните“ активности на Кремљ насекаде низ светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира