ДА БИДЕМЕ КРЕАТИВНИ, ДО 29 ЈУНИ ДА ИМАМЕ НЕКОЕ РЕШЕНИЕ, КАЖА ЗАЕВ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО

    ДА БИДЕМЕ КРЕАТИВНИ, ДО 29 ЈУНИ ДА ИМАМЕ НЕКОЕ РЕШЕНИЕ, КАЖА ЗАЕВ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТОЗа средбата со Ципрас на 17 мај во Софија, Заев рече дека една од целите е да им дадат смерници на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас. - Заев со Димитров и Коѕијас (архивска фотографија)

    Премиерот Зоран Заев би сакал да се дојде до некое решение за спорот за името пред Самитот на Европскиот совет, кој се одржува од 25-29 јуни и каде се носат одлуките за добивање датум за пристапни преговори со ЕУ.

    „Верувам дека пред сè треба да бидеме креативни и посветени и јас би сакал некаде пред Самитот на Советот на Европа, а потоа и Европскиот совет, тоа е 25, 26, па 28 и 29 јуни, да се носат одлуките за добивање датум за преговори или не. Дотогаш да имаме некое решение, па дури треба да знаеме дека и да има приближување на она што е останато, во Грција и Македонија мора да направиме внатрешен процес на консултации“, изјави Заев денеска во Росоман на почнувањето на втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп.

    За најавената средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас на маргините на Самитот на ЕУ во Софија на 17 мај, Заев рече дека целта е да направат рекапитулар на тоа што досега е разговарано и да им дадат смерници на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои директно преговараат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира