ТАЧИ ВЛЕГУВА ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ СО МИНИСТЕР ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

    ТАЧИ ВЛЕГУВА ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ СО МИНИСТЕР ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИЦентралното собрание на ДПА ја прифатило понудата на премиерот Зоран Заев да стане дел од владејачката коалиција. - Лидерот на ДПА Мендух Тачи со сопартијците (Фото: СДК.МК)

    Демократската партија на Албанците влегува во составот на реконструираната Влада на Зоран Заев. ДПА на Мендух Тачи добива едно министерско место и едно место на заменик министер додека за директорските места во јавните институции дополнително ќе се разговарало. За влезот на ДПА во Владата денеска расправаше и одлучуваше Централното собрание на партијата.

    „Добивме конкретна и коректна понуда ДПА да биде дел од владата на Р. Македонија. Ова се темели на конструктивниот однос на ДПА за време на политичката криза, конструктивниот пристап кон новата Влада за сите реформски прашања посебно за интеграциските процеси за кои имам точни информации дека ќе имаме позитивен напредок“ изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи.

    Централното собрание на ДПА ја прифатило понудата на премиерот Зоран Заев да стане дел од владејачката коалиција. ДПА ќе добие министер без ресор, задолжен за странски инвестиции и иден министер ќе биде Бардиљ Даути, а додека Митасим Беќири ќе стане заменик министер во Министерството за транспорт. Дополнително, работните групи во партијата ќе расправаат за директорските места кои ДПА ќе ги добие со нејзиното влегување во Владата.

    Премиерот Заев по денешното судење за „Поткуп“ потврди дека е постигнат договор со ДПА, крилото на Беса на Африм Гаши, како и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

    На новинарско прашање дали има доверба во лидерот на ДПА, кој во прислушуван разговор, објавен во „бомбите“, на Сашо Мијалков му кажа: „Тука сум ако треба нешто, до смрт“, Заев одговори: „Мендух Тачи нема да биде член на Владата“.

    Бардуљ Даути е актуелен професор по економија на Државниот универзитет во Тетово. На парламентарни избори во 2016 тој, заедно со Мендух Тачи, беа единствените претставници од ДПА кои влегоа во Парламентот. На последните локални избори ДПА го кандидира Бардиљ Даути за кандидат за градоначалник за Општина Тетово, а тогаш тој се откажа од пратеничкото место во Парламентот, но не успеа да ја победи актуелната градоначалничка на Тетово Теута Арифи.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира