МВР БАРА 450 ИЛЈАДИ ЕВРА ОТШТЕТА ОД ОБВИНЕТИОТ ЃОКО ПОПОВСКИ ЗА НАБАВКАТА НА 300 ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА

    МВР БАРА 450 ИЛЈАДИ ЕВРА ОТШТЕТА ОД ОБВИНЕТИОТ ЃОКО ПОПОВСКИ ЗА НАБАВКАТА НА 300 ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛАОбвинетиот во „Триста“ Ѓоко Поповски (лево) на претходно рочиште во Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи бара 450 илјади евра отштета од поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски, кој е обвинет во предметот на СЈО „Триста“ за злоупотреби при набавката на 300 возила за полицијата. Дополнително, МВР бара и 223 илјади денари од Поповски за судски трошоци.

    Денеска во Основниот суд Скопје 1 се одржаа завршните зборови за „Триста“, а изрекувањето на пресудата е закажано за 22 мај во 12 часот.

    Поповски е обвинет и во предметот на СЈО „Тенк“, заедно со поранешната министерка Гордана Јанкулоска и експремиерот Никола Груевски, за набавката на луксузниот мерцедес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира