МНР ПОБАРА ЕУ ДА ГО КОРИГИРА ПОГРЕШНОТО ИМЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НА САМИТОТ ВО СОФИЈА

    МНР ПОБАРА ЕУ ДА ГО КОРИГИРА ПОГРЕШНОТО ИМЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НА САМИТОТ ВО СОФИЈАОд Министерството за надворешни работи велат дека во вакви или слични случаи, како и сега, редовно се упатува реакција со која се бара корекција и именување на јазикот како македонски.(Фото: СДК.МК)

    Министерството за надворешни работи побара од Европската унија да го коригира погрешното именување на македонскиот јазик на официјалните документи на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

    На официјалните документи на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржа во Софија во графата јазици наместо македонски јазик стоeше „јазик на Поранешна југословенска Република Македонија“.

    Како што информираа од Министерството, преку Постојаната Мисија на Република Македонија во ЕУ испратена е официјална реакција до надлежните служби во Унијата.

    „И во претходни вакви или слични случаи, како и сега, Министерството за надворешни работи редовно упатува реакција со која се бара корекција и именување на јазикот како македонски. Оваа пракса е резултат на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Грција“, велат од МНР.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира