Авион „боинг 737“ се урнал и експлодирал на меѓународниот аеродром „Хосе Марти“ во Хавана, јавуваат кубанските медиуми.
Авионот на државната компанија „Кубана де авијасион“ се урнал набргу по полетувањето. Радиото „Хавана Куба“ објави дека авионот требало да лета на локалната линија Хавана-Холгуин.
Сведоци кажаа за агенцијата АФП дека виделе голем густ чад во близина на аеродромот.