ИШАРАН СПОМЕНИКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА ВО ТЕТОВО, ПОЛИЦИЈАТА НЕ РЕАГИРА ОТИ НИКОЈ НЕ ПРИЈАВИЛ

    ИШАРАН СПОМЕНИКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА ВО ТЕТОВО, ПОЛИЦИЈАТА НЕ РЕАГИРА ОТИ НИКОЈ НЕ ПРИЈАВИЛИако засега не се знае кој го вандализирал споменикот, жителите претпоставуваат дека се навивачи на Шкендија, бидејќи со испишаните графити и името на клубот се слави освојувањето на фудбалското првенство на Македонија (Фото: СДК.МК)

    На Споменикот на Револуцијата кој се наоѓа во центарот на Тетово со спреј се испишани графити и пароли за фудбалскиот клуб Шкендија, голема Албанија и Илирида. Иако засега не се знае кој го вандализирал споменикот, жителите претпоставуваат дека се навивачи на Шкендија, бидејќи со испишаните графити и името на клубот се слави освојувањето на фудбалското првенство на Македонија. Пароли со ваква и слична содржина се испишани и на повеќе ѕидови низ тетовските улици.

    Од СВР Тетово велат дека немаат информации за настанот бидејќи во полицијата никој уште не го пријавил.

    Споменикот на револуцијата е во ценѕарото на градот, а слични графити се испишани и на повеќе ѕидови низ тетовските улици (Фото: СДК.МК)

    Здружението на борци на Тетово остро го осуди вандализирањето на споменикот.

    „Општинската организација на Сојузот на борците од Тетово е крајно револтирана од ваквиот чин кој, за жал, не се случува прв пат бидејќи овој споменик десетици пати е оскрнавен и оштетен во изминатиов период од вакви вандали. Сметаме дека на ова треба да реагира и Општина Тетово како и органите за безбедност, за да се стави веќе еднаш крај на ваквото однесување и сторителите да се пронајдат и казнат. Ваквото скрнавење на спомениците стане веќе перманентна работа. Уште посимптоматичен е и фактот што скрнавењето настана веднаш после положувањето цвеќе пред споменикот со што се одбележа годишнината од убиството на тетовскиот револуционер Иљо Антески – Смок“, велат од Здружението на борци на Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира