16 ПОЖАРНИКАРИ ПРЕД ПЕНЗИЈА ЧУВААТ ОД ПОЖАР ТРИ ОПШТИНИ ВО ВЕЛЕШКО

    16 ПОЖАРНИКАРИ ПРЕД ПЕНЗИЈА ЧУВААТ ОД ПОЖАР ТРИ ОПШТИНИ ВО ВЕЛЕШКООпштина Велес ургентно бара од МВР да се вработат нови пожарникари за да се спречи можна катастрофа (Фото:СДК.МК)

    Само 16 пожарникари ја чуваат од пожар територијата на три општини, Велес, Градско и Чашка. Освен во Општина Велес, оваа единица интервенира и во соседните општини Градско и Чашка. Според нормативите треба да има 40 пожарникари.

    И тоа еден дел се пред пензија, дел се со сериозни повреди здобиени по интервенциите па на работа одат со скратено работно време и со поштеди. Така во Велес е десеткувана противпожарната единица.

    Градоначалникот на Велес Аце Коцевски, упатил ургентно писмо до министерот за внатрешни работи, за да не се доведе во опасност имотот и животот на граѓаните а во пресрет на летната сезона, кога се зголемува бројот на интервенции на противпожарната единица.

    Со овој број на вработени доведена во опасност сигурноста на граѓаните на општина Велес, но и соседните каде интервенира ТППЕ. Нормативот е на секој 1.5 илјади жители по еден пожарникар така нас ни требаат по стандарди 40 пожарникари а имаме 16 од кои некои се скратено работно време, други повредени. Од министерот Спасовски побарав веднаш да се најдат средства за вработување на пожарникари, одговор немам. А доаѓа лето и сезона на пожари а ние пожарникари немаме – изјави Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира