ОСУДЕНИОТ ПОПОВСКИ ГО ЧЕКА КОМБЕТО ЗА ШУТКА

    ОСУДЕНИОТ ПОПОВСКИ ГО ЧЕКА КОМБЕТО ЗА ШУТКАОсудениот Ѓоко Поповски на претходно рочиште за предметот на СЈО „Триста“. (Фото: СДК.МК)

    Судијката Добрила Кацарска му определи и мерка притвор на осудениот Ѓоко Поповски од МВР, во траење до почетокот на извршувањето на казната затвор која му ја изрече денеска. За злоупотреба на службената положба и овластувањата со кои како поранешен помошник министер за внатрешни работи проневерил 440 илјади евра од буџетот на МВР при набавка на 300 возила за министерството, Поповски доби затворска казна од 9 години.

    Притворот Кацарска му го одобри на барање на обвинителката Фатиме Фетаи, поради опасност од бегство. Судницата се испразни од јавноста. Во моментов внатре се Кацарска и осудениот Поповски кого судската полиција го изнесе од судницата додека дојде комбе од затворот Шутка. Според процедурата, Поповски нема право денеска да оди првин дома, туку директно во Шутка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира