ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ПО ПОЛНОЌ ВО ОХРИДСКО ВО ПЕРИОД ОД 9 МИНУТИ СО УМЕРЕНА ЈАЧИНА

    ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ПО ПОЛНОЌ ВО ОХРИДСКО ВО ПЕРИОД ОД 9 МИНУТИ СО УМЕРЕНА ЈАЧИНАЕдниот земјотрес бил во близина на селото Косел, а другиот во близина на Белчишта - мапа на двата земјотреси од Европскиот медитерански сеизмолошки центар

    Два земјотреса со умерена јачина се почувствуваа ноќеска околу 1 часот по полноќ во Охридско.

    Според веб сајтот на Европскиот медитерански сеизмолошки  центар, двата земјотреса биле со јачина од 3,2 степена според Рихтеровата скала. Првиот е регистриран во 50 минути по полноќ со епицентар помеѓу Охрид и селото Косел во кое има неактивен вулкан. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

    Вториот земјотрес е почувствуван само 9 минути подоцна, во 1 минута пред 1 часот по полноќ на длабочина од 2 километри. Епицентарот бил на 8 километри источно од селото Белчишта.

    Земјотресите не предизвикаа вознемиреност меѓу населението и бројните туристи кои поради продолжениот викенд  престојуваат во охридско – струшкиот регион. Штети не се пријавени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира