M. З. (60) од Куманово, сам се пријавил во полицијата и признал дека тој ги испишал кукастиот крст и графитите на спомен-плочата на Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Куманово. Од СВР Куманово велат дека по расчистување на случајот против М. З. ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
М. З. изјавил дека споменикот го исчкртал и ги испишал погрдните графити затоа што чувствувал душевна болка во изминатите години од владеењето на комунистите. Тој спомен плочата прво ја ишарал со спреј, а потоа ја премачкал со црна боја. Тој во медиумите побара споменикот да се тргне од градскиот плоштад бидејќи е негативен историски лик за Куманово и Македонија.
С. НИКОЛИЌ