ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА ДА КАЖЕ ЗОШТО ОБВИНЕТ ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР ПРАТИЛ НА ПАТ ВО ХРВАТСКА ВО ТЕРМИН ЗА СУДЕЊЕ, ПОБАРА ФЕТАИ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА ДА КАЖЕ ЗОШТО ОБВИНЕТ ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР ПРАТИЛ НА ПАТ ВО ХРВАТСКА ВО ТЕРМИН ЗА СУДЕЊЕ, ПОБАРА ФЕТАИСпецијалната обвинителка Фатиме Фетаи на претходно рочиште предупреди дека поради постојаните одложувања предметот Насилство во Општина Центар може да застари. (Фото: СДК.МК)

    Најстариот предмет на СЈО, Насилство и шамари во Центар, и денеска не почна во Основниот суд Скопје 1, пак поради отсуство на обвинет. Првообвинет во овој случај е експремиерот Никола Груевски кој според обвинението ги нарачал насилствата и кршењето на општината поради голем бизнис интерес, а според бомбите, нарачувал и некој да влезе кај градоначалникот Андреј Жерновски и да му врзе 2-3 шамари, оти за тоа кривично не се одговарало.

    Денеска пак се одложи почетокот на ова судење, а причина беше што обвинетиот Александар Трајковски, вработен во општина Гази Баба заминал на службен пат во Хрватска, со потпис на градоначалникот Борис Георгиевски.

    „Барам од судот да му испрати допис на градоначалникот и да го праша дали знаел дека денеска обвинетиот има покана за судско рочиште и зошто го пуштил да патува“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

    Таа по едно од претходните одлагања поради отсуство на обвинети, предупреди дека предметот Насилство и шамари во Центар може да застари. Судењето е презакажано за 6 јуни. Во овој предмет покрај Груевски, обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште десетина лица, од кои двајца веќе признаа вина.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира