ОБВИНЕТИОТ НА СЛУЖБЕН ПАТ НЕ Е ВРАБОТЕН ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА, ТУКУ Е СОВЕТНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ, Ѝ ОДГОВОРИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ НА ФЕТАИ

    ОБВИНЕТИОТ НА СЛУЖБЕН ПАТ НЕ Е ВРАБОТЕН ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА, ТУКУ Е СОВЕТНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ, Ѝ ОДГОВОРИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ НА ФЕТАИ„Александар Трајковски е советник, не вработен и јас немам право ниту обврска да знам за неговите приватни дејствија, дали има судски рочишта и кога“, вели градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски.(Фото: Фејсбук)

    Обвинетиот во предметот на СЈО Насилство во Општина Центар Александар Трајковски, кој денеска не дојде на судење поради службен пат, не е вработен во Општина Гази Баба, туку е советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот Борис Георгиевски.

    На денешното судско рочиште, специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара судот да му испрати допис на градоначалникот Георгиевски за да објасни зошто дозволил вработен да замине на службен пат, кога има закажано судење, каде што тој е еден од обвинетите.

    „Александар Трајковски е советник, не вработен и јас немам право ниту обврска да знам за неговите приватни дејствија, дали има судски рочишта и кога. Претставници од Општината и советници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заминаа во Нова Градишка, Хрватска на работилница за превенција од елементарни непогоди. Јас не бирав кој ќе оди, туку советничките групи си одредија кои нивни претставници ќе учествуваат на обуката“, вели градоначалникот Георгиевски.

    Денешното судско рочиште за предметот Насилство во Општина Центар се одложи токму поради отсуството на обвинетиот Александар Трајковски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира