ОДБИВАМ УЛОГИ ВО ТЕЗГA ПРЕТСТАВИ, ВЕЛИ СРПСКАТА АКТЕРКА АНИТА МАНЧИЌ ПО НАСТАПОТ ВО МНТ

    ОДБИВАМ УЛОГИ ВО ТЕЗГA ПРЕТСТАВИ, ВЕЛИ СРПСКАТА АКТЕРКА АНИТА МАНЧИЌ ПО НАСТАПОТ ВО МНТМанчиќ изминатава недела беше во Скопје, со екипата на претставата „Ајнштајновите соништа“ на македонскиот режисер Слободан Унковски, во продукција на Југословенско драмско позориште од Белград (Фото: М. Златевска)

    Со добиени пет Стериини награди за најдобра женска улога, и уште голем број значајни театарски признанија, српската театарска, телевизиска и филмска актерка Анита Манчиќ се вбројува меѓу врвните имиња на српската сцена.

    Манчиќ изминатава недела беше во Скопје, со екипата на претставата „Ајнштајновите соништа“ на македонскиот режисер Слободан Унковски, во продукција на Југословенско драмско позориште од Белград.

    „Имам посебен однос кон младите актери. Не кон секој што млад, туку кон луѓето кои се сериозни“, вели Манчиќ (Фото: М. Златевска)

    Претставата два дена се играше во полн салон на Македонскиот народен театар (МНТ), а Манчиќ, заедно со колегите Драган Миќановиќ, Радован Вујовиќ, Бранко Цвејиќ, Наташа Тапушковиќ, Бранка Петриќ, Марија Вицковиќ, Милена Живановиќ, Марко Грабеж, Милица Гојковиќ, Филип Ѓуриќ и Јоаким Тасиќ добија искрени и долги аплаузи од македонската публика.

    Како актерка со имресивно богата кариера на ТВ, театар и филм, Манчиќ (49 години) вели дека најинтересно во работата и се пробите.

    Интересно ми е да го прочитам текстот, интиутивно да претпоставам дали ме привлекува или не, дали можам или не. Дури и кога не можам, ќе ме заинтригира. Па потоа едвај чекам да ја слушнам останатата екипа, првата средба со режисерот и колегите“, вели Манчиќ во опуштениот разговор со САКАМДАЖАМ. МК.

    Манчиќ, заедно со колегите Драган Миќановиќ, Радован Вујовиќ, Бранко Цвејиќ, Наташа Тапушковиќ, Бранка Петриќ, Марија Вицковиќ, Милена Живановиќ, Марко Грабеж, Милица Гојковиќ, Филип Ѓуриќ и Јоаким Тасиќ добија искрени и долги аплаузи од македонската публика (Фото: Д. Гајиќ)

    Според неа, не постои некој посебен принцип во подготвувањето на улогите, туку единствен принцип е да се биде професинален и да се даде маскимумот.

    Одбивам улоги кога е нешто непримерно, неинтересно, кога сметам дека луѓето околу мене го доживуваат како нешто лесно, под ниво или тезга. Бидејќи долго работам, можам да кажам кога нешто не е за мене, не во смисла на величината на улогата, туку во смисла на начинот на пристапот.

    Конкретно, во ‘Ајнштајновите соништа’ ме привлече спојот на физиката и уметноста. Кога дојде Унко, ни кажа дека физиката е нешто што најмалку го интересира.

    Во средно училиште бев државен првак по математика, и затоа овој текст ми беше многу интересен. Во тој момент тоа беше предзивик за мене. Додека го читав романот, си помислив : ‘ Како ли ќе изгледа сцената во три димензии?’

    За некои работи, едноставно знаеш дека можеш да бидеш дел од нив, а одбивам која ќе проценам дека не е значајно за мене, дека немам што да кажа, ниту да напредувам“, ни рече таа.

    Говорејќи за работата со Унковски, како за голем режисер кој направи некои од најзначајните претстави во поранешна Југославија, Манчиќ додава оти е обожаван и како човек, не само кај повозрасните , туку и кај младите глумци кои допрвин почнуваат со работа.

    Манчиќ весело се сеќава на работата со режисерот Владимир Блажевски, за улогата на Лидија во филмот „Булевар на револуцијата“ од 1992 година.

    Тогаш бев на почетокот на кариерата, Влатко не ме знаеше, се појавив на кастинг, но ми рече дека му треба повозрасна глумица.

    По извесно време ми се јави и ми вели: ‘Сепак одлучив да играш ти’. Јас реков ок,  но нема да се разголувам, бидејќи така беше наведено во сценариото. Па имаше малку повлечи- потегни ситуација и на крај ми рече: ‘Прави што сакаш, само дојди’ .

    Тоа беше наш прв контакт, но останавме многу добри пријатели, живеевме во исто маало, пиевме кафе заедно, разменувавме книги кој што прочитал и што треба да прочита’, се смее актерката, која е препознатлива и по улогите во „Заборавени“, „Семејно богатство“, „Парада“, „Монтевидео“.

    „Бидејќи долго работам, можам да кажам кога нешто не е за мене, не во смисла на величината на улогата, туку во смисла на начинот на пристапот“, рече големата српска глумица (Фото: М. Златевска)

    Во театарските кругови во Белград, Манчиќ важи за омилена колешка, која особено ги сака и им помага на младите актери.

    И јас бев млада, и тие  ќе бидат стари, и затоа имам посебен однос кон нив. Не кон секој што млад, туку кон луѓето кои се сериозни. Јас сум во години кога мојот збор нешто значи и кога имам обврска и одговорност да препознаам квалитетни луѓе и да им помогнам.

    Не во смисла да лобирам, што не велам дека е срамно, туку дека ако кажам добар збор за глумец или режисер, тоа да има тежина.

    Наше е да умееме да ги препознаеме и да ги издвоиме од некоја општа група, оние, кое без разлика колку години имаат, туку да имаат дарба и талент, и да си ги почитуваат и негуваат. Тука лежи мојата одговорност, кон себе првенствено и кон мојата работа“, рече Манчиќ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира