Државниот просветен инспекторат го казни основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш со 1.600 евра, а директорката Олгица Стојанова со 1.120 евра, поради тоа што на 31 мај во училиштето се изведе верски обред. На социјалните мрежи излезе видео од ифтарската вечера во холот на училиштето, во кое се гледаат како стотина ученици седнати во училишните клупи заедно со повозрасни лица ја слушаат молитвата од оџата искачен на скалите од училишниот хол.
Инспекција на Државниот просветен инспекторат влезе во училиштето да го испита нарушувањето на начелото на секуларност во училиштата. Инспекторатот најави и дека ќе биде поднесено барање до Општина Радовиш за разрешување на директорката Стојанова, затоа што спротивно на законот дозволила верско организирање во училиште.
Законската регулатива забранува секаков вид верско организирање и дејствување во улилиштата.
В. ТРАЈКОВ