СЛАТКАРОТ КОЈ ОДБИ ДА НАПРАВИ ТОРТА ЗА ГЕЈ ДВОЈКА ГО ДОБИ СЛУЧАЈОТ ВО ВРХОВНИОТ СУД НА САД

    СЛАТКАРОТ КОЈ ОДБИ ДА НАПРАВИ ТОРТА ЗА ГЕЈ ДВОЈКА ГО ДОБИ СЛУЧАЈОТ ВО ВРХОВНИОТ СУД НА САДЏек Филипс имал право да одбие да соработува со геј двојка (Фото: Ројтерс)

    Врховниот суд на САД пресуди во полза на слаткарот од Колорадо кој одбил да направи свадбена торта за хомосексуална двојка во 2012 година.

    Државниот суд на Колорадо претходно заклучи дека одлуката на Џек Филипс да ги одбие Дејвид Малинс и Чарли Крег била незаконска дискриминација. Врховниот суд со 7:2 во гласови одлучи дека првата пресуда претставува кршење на правата на Филипс.

    Групите за правата на хомосексуалците сметаат дека оваа пресуда може да постави преседан со кој геј браковите би се третирале поразлично од хетеросексуалните заедници, но Врховниот суд објави дека таа се однесува само на случајот на Филипс.

    Според судот, оваа пресуда не значи дека цвеќари, фотографи и други служби сега можат да одбијат да работат со геј двојки.

    Пред три години, истиот суд ја донесе историската одлука, со која се дозволи склучување бракови помеѓу лица од ист пол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира