АМЕРИКАНКА ЗА НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ИЗЛЕКУВАНА ОД РАК НА ДОЈКА СО НОВА ПИОНЕРСКА МЕТОДА

    АМЕРИКАНКА ЗА НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ИЗЛЕКУВАНА ОД РАК НА ДОЈКА СО НОВА ПИОНЕРСКА МЕТОДАЏуди Перкинс имала рак што не можел да се лекува со традиционални методи, па лекарите вбризгале 90 милијарди клетки отпорни на рак во нејзиното тело

    Животот на една Американка која имала смртоносен рак на дојка бил спасен благодарение на нова пионерска терапија, објавија американски истражувачи.

    Таа вклучи вбризгување на 90 милијарди клетки отпорни на рак во нејзиното тело.

    На Џуди Перкинс ѝ биле дадени само три месеци живот, но две години подоцна, во нејзиното тело нема никакви траги од тешката болест.

    Тимот од Американскиот институт за рак вели дека оваа терапија е сѐ уште експериментална, но би можела да се претвори во третман за сите видови рак.

    Џуди имала рак на дојка што не можел да се лекува со традиционални методи.

    „По една недела терапија, почнав да чувствувам нешто. Можев да почувствувам како туморот во градите се намалува. По една-две недели, тој целосно исчезна. По скенирањето, целиот медицински тим скокаше од среќа. Тогаш ми кажаа дека веројатно ќе бидам излекувана“, вели Перкинс.

    Овој „жив лек“ е направен од клетките на самиот пациент во еден од водечките светски центри за истражување на ракот. Тој останува во експериментална фаза и бара дополнителни тестирања, пред да може да почне да се користи пошироко.

    „Сѐ уште учиме како дејствува, но потенцијално, би можел да се примени на секаков тумор. Ова е уникатен лек за секој пациент одделно и поразличен од сите третмани досега“, вели д-р Стивен Розенборг од Американскиот институт за канцер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира