МАРКО ЧЕКИНАТО – ОД СУСПЕНЗИЈА ЗА МЕСТЕЊЕ ДО ПОБЕДА НАД ЃОКОВИЌ И ПОЛУФИНАЛЕ НА РОЛАН ГАРОС

    МАРКО ЧЕКИНАТО – ОД СУСПЕНЗИЈА ЗА МЕСТЕЊЕ ДО ПОБЕДА НАД ЃОКОВИЌ И ПОЛУФИНАЛЕ НА РОЛАН ГАРОСЧекинато е првиот Италијанец во полуфиналето на гренд слем турнир по 40 години (Фото: АФП)

    Марко Чекинато, 72-ри играч на светската ранг-листа, го елиминираше Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос, совладувајќи го со 3:1 во сетови (6:3, 7:6, 1:6, 7:6).

    Ѓоковиќ беше на прагот на голем пресврт, откако поведе со 4:1 во гемови во четвртиот сет, за потоа да не искористи три брејк-топки, што го врати Италијанецот во игра. Тој не само што го доведе сетот до тај-брејк, туку потоа покажа и поголема смиреност и го доби со 13:11, по неколку неискористени меч-топки.

    „Можеби уште спијам, ова е неверојатно! Одиграв неверојатен меч денеска, на крајот бев премногу уморен, но успеав да победам“, изјави 25-годишниот Чекинато.

    Не само пласманот во полуфиналето, туку и самата победа над Ѓоковиќ е најголемиот успех во неговата кариера, имајќи предвид дека никогаш претходно не успеал да добие меч на гренд слем турнир. Тој сега ќе инкасира најмалку 560.000 евра, две години откако беше суспендиран на 18 месеци поради местење, иако оваа казна подоцна беше поништена.

    Неговиот следен противник е Доминик Тим, што ќе биде прв настап на еден италијански тенисер во полуфиналето на гренд слем турнир од 1978 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира