На Александар Јаневски – Тошта, еден од обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села во Собранието на 27 април лани, денеска во Основниот суд Скопје 1 му се слоши на среде судење.
Тој и уште шестмина од притворените остануваат во обвинението со ова тешко кривично дело, додека обвинителот Дарко Јакимовски од обвинение комплетно го ослободи Сашо Сенков.
Откако во судница беа пуштени сите видео снимки од претепувањета на онесвестениот Села тој ден, Јакимовски го преквалификува кривичното дело од обид за убиство во насилство за Цејо Ѓорѓиевски и Стојан Павлески, што повлекува поблага казна.
Поради онесвестувањето на Тошта, судијката Славица Андреевска даде пауза.
С. К. ДЕЛЕВСКА