СЕ ОТВОРААТ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ДИЈАСПОРА ВО ШТИП, КУМАНОВО, ТЕТОВО И БИТОЛА

    СЕ ОТВОРААТ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ДИЈАСПОРА ВО ШТИП, КУМАНОВО, ТЕТОВО И БИТОЛАМинистерот за дијаспора Едмонд Адеми и градоначалникот на Штип Благој Бочварски потпишаа спогодба за соработка при отворањето на првата канцеларија за дијаспора (Фото: СДК.МК)

    Министерот за дијаспора на Македонија Едмонд Адеми во Штип ја отвори првата канцеларија во државата за сонародниците во странство. Заедно со градоначалникот на Штип Благој Бочварски објавија дека канцеларијата ќе биде во зградата на Општината и официјално со работа ќе започне на први јули.

    „Канцеларијата во Штип за нашите во странство ќе биде исклучиво наменета за сограѓаните кои живеат надвор од Македонија. Кога ќе дојдат овде за било каква потреба веднаш ќе бидат услужени од вработените во канцеларијата која ќе ги прима нивните барања и кога ќе се јават од странство“, рече Бочварски.

    Министерот Адеми најави дека наредните месеци вакви канцеларии ќе се отворат во Куманово, Тетово и Битола, а наредната година и во останатите поголеми општини во Македонија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира