КАНАДА И ДАНСКА НА ЧЕКОР ДО РЕШАВАЊЕ НА НЕКОЛКУДЕЦЕНИСКИОТ СПОР ЗА ОСТРОВЧЕТО НА КОЕ СО ДЕЦЕНИИ СИ ОСТАВААТ ВИСКИ И РАКИЈА

    КАНАДА И ДАНСКА НА ЧЕКОР ДО РЕШАВАЊЕ НА НЕКОЛКУДЕЦЕНИСКИОТ СПОР ЗА ОСТРОВЧЕТО НА КОЕ СО ДЕЦЕНИИ СИ ОСТАВААТ ВИСКИ И РАКИЈАОстровот Ханс, за кој Канада и Данска спорат со децении, е карпа од 1,2 квадратни километри (Фото: АП)

    Канада, Данска и Гренланд се чекор поблиску до решавање на неколкудецениски територијален спор долж нивните граници со Арктикот.

    Станува збор за карпа од 1,2 квадратни километри во близина на островот Елесмир, наречена Ханс и Данците велат дека островчето е нивно, додека Канаѓаните се убедени дека им припаѓа на нив.

    Во 70-ите години од минатиот век, Данска и Канада се договориле да не се договорат, така што ја запреле поморската граница на линијата на водата на јужниот брег, го прескокнале островот и повторно ја почнале линијата на северниот брег.

    Оттогаш, воените бродови на двете држави го посетуваат островот колку да го сменат знамето и на „непријателот“ да му остават шише канадско виски или од данската ракија.

    Двете држави неодамна решиле посериозно да му пристапат на проблемот и да го заменат оставањето алкохол со официјален договор. За таа цел, беше формиран заеднички тим од адвокати и експерти од разни министерства и организации.

    „Ова треба да ја постави линијата на вистинско место. Канада и Данска се држави кои решаваат проблеми со користење на закони и со придржување до договори“, вели Алан Кесел, кој ќе биде дел од канадската делегација.

    Една од опциите е островот да биде во заедничка сопственост на Канада и Данска, но Кесел вели дека можеби ќе поминат уште десет години, пред да се утврдат сите детали од границата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира