Обвинетите Цејо Ѓорѓиевски и Стојан Павлески признаа вина на денешното рочиште за претепувањето на пратеникот Зијадин Села на 27 април лани.
За двајцата на минатото рочиште, обвинителството го преквалификува делото од обид за убиство во насилство, за што е предвидена поблага казна. Обвинетиот Павлески при признавањето вина кажа дека тоа го направил во излив на нервоза. За двајцата ќе се води издвоена постапка. Нивните бранители дадоа завршни зборови, a пресудата ќе биде в среда.
За Сашо Сенков на минатото рочиште беше целосно повлечено обвинението, а за останатите седуммина обвинети останува обвинението за обид за убиство.
Судењето е во тек.
С. К. ДЕЛЕВСКА