НАД 600 СТУДЕНТИ И ПРОФЕСОРИ ОД МАКЕДОНИЈА ДОБИЛЕ СТИПЕНДИИ ОД ГЕРМАНИЈА

    НАД 600 СТУДЕНТИ И ПРОФЕСОРИ ОД МАКЕДОНИЈА ДОБИЛЕ СТИПЕНДИИ ОД ГЕРМАНИЈАГерманскиот амбасадор Томас Герберих синоќа во својата резиденција имаше прием за досегашните стипендисти, најавувајќи дека Германија и во иднина ќе помога студенти, професори и научници да се дообразуваат во нивните образовни институции.(Фото: СДК.МК)

    Над 600 македонски студенти, постдипломци и професори добиле стипендии од германските институции. Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих синоќа во својата резиденција имаше прием за досегашните стипендисти, најавувајќи дека Германија и во иднина ќе помaга студенти, професори и научници да се дообразуваат во нивните образовни институции.

    „Еднаш во годината правиме прием на сите студенти и професори кои добиле стипендии од германските фондации. Досега над 600 стипендии се доделени и тоа е навистина многу за мала земја како Македонија. Дури пет стипендии се доделни од фондацијата Хумболт, што е одлична бројка бидејќи оваа фондација доделува стипендии само на исклучителни студенти или професори од целиот свет кои работат во многу подобри услови“, вели амбасадорот Герберих.

    Стипендиите за кои може да конкурираат македонските студенти, се доделуваат од Германско стопанство, Меѓународна парламентарна стипендиска програма, Германска академска служба за размена како и Фондација Хумболт.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира