Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа утрешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, поради неговото противење на Договорот за добрососедство со Бугарија и арогантно однесување вчера, пишува бугарскиот весник „24 часа“.
Вицепремиерката и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, според весникот, го известила бугарскиот претседател Радев дека премиерот Бојко Борисов ја откажува утрешната средба со претседателот Иванов.
Според „24 часа“, Борисов бил многу лут поради скандалозниот однос на Иванов, кој вчера ја напушти средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и за неговото противењето на Договор за добрососедство со Бугарија.
Претседателот Ѓорге Иванов од денеска е во официјална посета на Бугарија и планирана е средба со бугарскиот претседател Румен Радев.