Русинките би требало да избегнуваат секс со навивачи од други раси за време на Светското првенство во Русија, бидејќи ризикуваат да останат самохрани мајки со деца од мешана раса, предупреди руска политичарка пред неговото денешно отворање.
„Дури и кога Русинки се мажат за странци, такви врски најчесто се многу лоши. Жените најчесто завршуваат оставени и не можат да ги добијат децата назад“, смета Татјана Плетниова, која раководи со парламентарниот Комитет за семејство, жени и деца.
Таа потсети на примерот од Летните олимписки игри 1980 во Москва, кога контрацепцијата сѐ уште не беше доволно раширена во Советски Сојуз. Познати како „деца на Олимпијадата“, овој термин се користеше во советската ера за децата зачнати од Русинки и мажи од Африка, Јужна Америка или Азија за време на меѓународни натпреварувања.
„Таквите деца од мешана раса страдаат и се соочуваат со дискриминација. Едно е ако се од иста раса, но сосема поинаку ако се од мешана раса. Јас не сум националист, но знам дека тие деца страдаат“, вели Плетниова.
Парламентарецот Александер Шерин, пак, предупреди дека странски навивачи можат да пренесат вируси и да заразат Руси или со себе да донесат забранети супстанци.