Пратеникот на грчката владејачка партија Сириза Јорго Урсузидис, денеска за време на расправата во парламентот за недоверба на Владата на Алексис Ципрас се обрати на македонски јазик до, како што рече, „пријателите од Република Северна Македонија“.
„Пријатели од Република Северна Македонија, како што се договоривме, време е да го оставиме назад тоа што нè разделува и да гледаме напред со тоа што е заедничко, со соработка и со љубов“, рече пратеникот Урсузидис на костурски дијалект. Тој рече дека се обраќа на македонски дијалект.
Иницијативата за гласање доверба на Владата на Ципрас ја покрена опозициската Нова демократија поради тоа што не се согласува со постигнатиот договор за решавање на спорот за името со Македонија. Расправата ќе трае до утре до 24 часот, кога биде гласањето.