ГЕРМАНИЈА ГО ЗАГУБИ ПРВИОТ МЕЧ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ЗА ПРВПАТ ОД 1982

    ГЕРМАНИЈА ГО ЗАГУБИ ПРВИОТ МЕЧ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ЗА ПРВПАТ ОД 1982Единствениот погодок на средбата го постигна Ирвинг Лосано во 35. минута (Фото: Гети)

    Германија со пораз ја почна одбраната на титулата на Светското првенство во Русија, откако беше поразена од Мексико со 0:1 на првиот натпревар од Ф-групата.

    Единствениот погодок на средбата го постигна Ирвинг Лосано во 35. минута, додека на голот брилјираше Очоа. Германските играчи упатија 26 удари кон голот на Мексико, од кои два завршија во статива.

    Ова е првпат од 1982 година Германија да го загуби својот прв меч на светските првенства, но тогаш, сепак, стигна до финалето.

    Во големата победа на Мексико учествуваше и 39-годишниот бек Рафа Маркес, кој со тоа стана четврти играч во историјата кој настапил на пет светски првенства, по италијанскиот голман Џиџи Буфон, Германецот Лотар Матеус и својот сонародник Антонио Карбахал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира