Фасадата и стаклата на Собранието денеска се мијат од боите на Шарената револуција. Во петокот полицијата постави барикади и не дозволуваше пристап до зградата. Но барикадите не ги спречија демонстрантите да ја шараат фасадата.
И од среде булевар балоните со боја исфрлени од големиот чатал досегнуваат до Собранието, а успешни се и малите чаталчиња кои ги има во се поголем голем број.
Пратениците на денешната пленарна седница во Собранието треба да одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, поради неговата одлука за аболиција на политичари и нивни соработници.