Полицијата приведе неколкумина демонстранти заедно со возачот на комбето на Шарената револуција веднаш откако заврши протестот пред Собранието. На разговор, кој се уште трае, е задржан само возачот на комбето. Останатите заедно со многумина граѓански активисти се пред полициската станица „Пролет“. Бараат објаснување за приведувањето и скандираат „Многу ни е добар чаталот“ и „Вака повеќе не обединувате“. Место дома, шарените револуционери откако заврши протестот пред собрание дојдоа пред полициската станица „Пролет“.
Возачот на комбето секоја вечер ги следи демонстрантите. Го носи разгласот од кој се пушта музика, а го вози и чаталот сосе муницијата.
Во саботата од комбето се пушташе музика за забавата „Информативен разговор“.