СО УМЕТНИЧКИ КАРТИЧКИ СЕ ВРАЌА ДОПИШУВАЊЕТО ПО ПОШТА

    СО УМЕТНИЧКИ КАРТИЧКИ СЕ ВРАЌА ДОПИШУВАЊЕТО ПО ПОШТАИзложбата на поштенски мејл арт картички пред Офицерскиот дом во Битола е дел од 17. издание на фестивалот „Битола отворен град“ (Фото: СДК.МК)

    Испраќањето картички по пошта се враќа во мода, барем кога се во прашање уметниците. Доказ за тоа е изложбата на поштенски мејл арт картички пред Офицерскиот дом во Битола, како дел од 17. издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ –Битола.

    „Станува збор за уметничка кореспонденција по пошта. Уметниците од целиот свет создаваат уметнички дела на картички со димензии да може да се испратат и по е-пошта, но сепак, картичките да бидат и со димензии за да се стават во плик и се праќаат единствено по пошта. Така комуницираат меѓу себе многу уметници и другите љубители на уметноста ширум светот“, рече Маја Ангеловска од МКЦ.

    Во Битола се изложени 60 уметнички картички од уметници од 25 земји, меѓу кои и од Турција, Бразил, Португалија, Италија, Шпанија, Германија, Црна Гора (Фото: СДК.МК)

    Во Битола се изложени 60 уметнички картички од уметници од 25 земји, меѓу кои и од Турција, Бразил, Португалија, Италија, Шпанија, Германија, Црна Гора. Ваквата уметничка комуникација се разликува од структурите на комерцијалниот пазар на уметност и традиционалните локации и институции за култура, како што се галериите и музеите. Ова е естетска комуникација и интеракција и се одвива на тој начин што уметниците ги ипраќаат своите уметнички дела по пошта до личност по свој избор. Лицето кое ја добило уметничката картичка има целосна слобода да избере дали ќе одговори. На овој начин повторно во мода се враќа допишувањето по пошта, но овој пат тоа освен целта преку него да комунициираат луѓето, ја шири и уметноста.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира