ДАВАМЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, ГИ ОХРАБРУВАМ ФРАНЦИЈА И ХОЛАНДИЈА ДА НИ СЕ ПРИДРУЖАТ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА РОТ

    ДАВАМЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, ГИ ОХРАБРУВАМ ФРАНЦИЈА И ХОЛАНДИЈА ДА НИ СЕ ПРИДРУЖАТ, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА РОТГерманскиот министер Михаел Рот со премиерот Зоран Заев за време на неговата посета на Скопје на 10 мај. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за Европа во германското МНР Михаел Рот денеска кажа дека неговата влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на патот кон ЕУ и ги повика Франција и Холандија да го направат истото.

    „Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат“, рече Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург.

    На новинарско прашање дали очекува тоа да се случи денеска, Рот вели дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист и додаде дека стабилноста, мирот и демократијата на Западен Балкан е клучна за сите во ЕУ.

    „Затоа високо ги цениме напорите што ги преземаат и Македонија и Албанија за зајакнување на владеењето на правото, независно судство, борбата против корупцијата“, рече Рот.

    Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори на Македонија и Албанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира