Откорната и превртена е автобуската постојка во центарот на Штип, која се наоѓа пред зградата на Домот на културата и Правниот факултет. Оваа постојка најмногу ја користат професорите од Универзитетот „Гоце Делчев“, кои секое утро чекаат автобус за дисперзираните факултети во Источна Македонија, како и работници од текстилните компании, кои чекаат превоз до фабриките каде што работат.
Полицијата го потврди случајот и велат дека трагаат по сторителите. Во градот има и други оштетени постојки. Од општината најавија дека откорнатата постојка брзо ќе ја санираат, затоа што се работи за една од најфреквентните автобуски станици во центарот на Штип.
Т. ЈОВАНОВСКИ