СОБРАНИЕТО ОДЛУЧИ АЛКОХОЛ ДА МОЖЕ ДА СЕ КУПУВА ПО 19 ЧАСОТ, ЗАБРАНАТА ОСТАНУВА ЗА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ

    СОБРАНИЕТО ОДЛУЧИ АЛКОХОЛ ДА МОЖЕ ДА СЕ КУПУВА ПО 19 ЧАСОТ, ЗАБРАНАТА ОСТАНУВА ЗА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИСо измените, се дозволува продажба на алкохолни пијалоци и во киосците, но остана забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи

    Собранието со 62 гласа „за“ ги изгласа измените на Законот за трговија со кои се укина забраната за продажба на алкохол по 19 часот.

    Со измените, се дозволува продажба на алкохолни пијалоци и во киосците, но остана забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи.

    Останува и обврската објектите кои сакаат да продаваат алкохол, и понатака да имаат лиценци.

    Владата уште во мај годинава ги достави измените за укинување на забраната за продажба на алкохол после 19 часот.

    Одлуката за забрана беше донесена во 2008 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира