БИТОЛСКИТЕ АКТЕРИ ЈА ГРАДАТ АРКАТА НА „НО(Е)ВА МАКЕДОНИЈА“

    БИТОЛСКИТЕ АКТЕРИ ЈА ГРАДАТ АРКАТА НА „НО(Е)ВА МАКЕДОНИЈА“„Ја градиме таа Ноева Македонија и поаѓаме од прашањето што ако Ное бил од Македонија и како ние ќе одделиме по два вида кои ќе влезат во арката?“, вели Илина Чоревска, програмски директор на Народниот театар во Битола, за премиерата закажана на 31 јули (Фото: СДК.МК)

    „Но(е)ва Македонија“ е новата претстава што ја подготвува Народниот театар во Битола, чија премиера ќе биде на 31 јули. Претставата е авторски проект на српскиот режисер Кокан Младеновиќ и битолските актери. Темата има допирни точки со моменталната ситуација во Македонија, иако соработката со Младеновиќ ја договарале лани во октомври, па велат целата работа испаднала некако визионерска.

    „Ја градиме таа Ноева Македонија и поаѓаме од прашањето што ако Ное бил од Македонија и како ние ќе одделиме по два  вида кои ќе влезат во арката? Како политичарите ќе ги одбереме, како ќе одбереме од опозицијата, која ќе биде химната на Но(е)ва Македонија, кои ќе бидат нејзините граѓани? Сето тоа е нешто што го градиме и допрва треба да излезе како проект“, рече Илина Чоревска, програмски директор на Народниот театар во Битола.

    Во претставата нема главни улоги, а на сцена „Но(е)ва Македонија“ ќе ја градат 12 актери од помладата генерација на Народниот театар во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира