Јапонската репрезентација ја доживеа најтрагичната елиминација од Светското првенство во Русија, откако прими гол од Белгија во 94. минута од нивниот осминафинален дуел, но тоа не беше пречка нејзините фанови уште еднаш да се покажат во најубаво светло.
Иако во солзи по поразот од 2:3, јапонските навивачи останаа на трибините на „Ростов арена“ за да го соберат ѓубрето, нешто што го правеа и по сите други натпревари на популарните „сини самураи“.
Тие не само што го собираа ѓубрето, туку на натпреварите доаѓаа со свои ќеси, изнудувајќи огромна почит на социјалните мрежи.
„Јапонските фанови се освојувачи на Светското првенство“, напиша еден корисник на Твитер.
И не беа само навивачите еколошки освестени. Иако скршени по поразот од Белгија, и фудбалерите ја исчистија и светнаа својата соблекувална по средбата во Ростов на Дон.