МИЦКОСКИ ПОБАРА АМНЕСТИЈА ЗА ОСУДЕНИТЕ И ОБВИНЕТИТЕ ЗА 27 АПРИЛ НА ПРОТЕСТОТ ВО СТРУМИЦА

    МИЦКОСКИ ПОБАРА АМНЕСТИЈА ЗА ОСУДЕНИТЕ И ОБВИНЕТИТЕ ЗА 27 АПРИЛ НА ПРОТЕСТОТ ВО СТРУМИЦАПротестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ тргна од споменикот на Борис Трајковски, а заврши пред зградата на Општина Струмица. - Христијан Мицкоски (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара амнестија за осудените и обвинетите за нападот во Собранието на 27 април лани во говорот на денешниот протестен марш во Струмица.

    „На ова лудило на политички реваншизам мора еднаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци, и помалку Македонци и затоа е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мораме да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото“, рече Мицкоски.

    Тој вели дека петтемина пратеници од неговата партија кои се дел од обвинението за тероризам за 27 април се товарат за нешто што не го направиле.

    Мицкоски зборуваше и против договорот со Грција за решавање на спорот за името, обвинувајќи го премиерот Зоран Заев дека ги брани грчките интереси, место македонските.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира