Партијата на Јанко Бачев Единствена Македонија денеска на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ѝ достави предлог-закон за амнестија, откако на вчерашниот протестен марш во Струмица, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара амнестија за осудените и обвинетите за нападот во Собранието на 27 април.
Предлог-законот во Собранието го достави Драган Угриновски, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија. Тој кажа дека очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја започнат законодавната постапка во Собранието, бидејќи, како што рече, Деловникот тоа му го дозволува на секој пратеник.
Во неделата во Струмица, Мицкоски рече дека е „потребна амнестија за луѓето од 27 април“, аргументирајќи дека „нема напред ако живееме во минатото“.