АМНЕСТИЈАТА НЕ Е УСЛОВ ЗА ИЗБОР НА ДИК, ВЕЛИ ИЛИЈА ДИМОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА

    АМНЕСТИЈАТА НЕ Е УСЛОВ ЗА ИЗБОР НА ДИК, ВЕЛИ ИЛИЈА ДИМОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊАПратеникот Димовски ги повика партиите да ги утврдат кандидатите за Државната изборна комисија за да се исполнат условите за одржување на најавениот референдум. (Фото: СДК.МК)

    Амнестијата не е услов за избор на Државната изборна комисија(ДИК) и идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не е поврзана со ДИК, рече претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски.

    Пратеникот Димовски ги повика партиите да ги утврдат кандидатите за Државната изборна комисија за да се исполнат условите за одржување на најавениот референдум за крајот на септември и почетокот на октомври. Мицкоски побара амнестија за осудените и обвинетите за нападот во Собранието на 27 април лани во говорот на протестниот марш во Струмица во неделата.

    „Комплицирана е постапката. Без усогласеност на партиите и да ја почнеме целата постапка во Комисијата за избори и за именувања, таа е осудена на пропаст. И да бидам заобиколен во постапката, пак не може да се донесе одлука бидејќи во Комисијата власта нема мнозинство. Плус за избор на ДИК треба двотретинско мнозинство, постапката се комплицира“, рече Димовски на денешната прес-конференција во Собранието.

    Димовски рече дека и тој и претседателот Талат Џафери се спремни веднаш да ја завршат постапката за ДИК ако партиите ги достават утврдените предлози.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира