ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО УАПСЕН ЗА ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО УАПСЕН ЗА ШВЕРЦ НА ЦИГАРИВо полициската акција биле запленети над 150 штеки цигари од две возила. (Фото: СВР Струмица)

    Градоначалникот на Општина Ново Село, Боро Стојчев, синоќа е приведен под сомнение за шверц на цигари, објави МВР. Според соопштението на СВР Струмица, тој бил приведен заедно со неговите сопруга и син и со уште едно лице, а при акцијата полициски службеници испукале два предупредувачки куршуми, поради обид за бегство.

    Приведените лица сѐуште се во полициска станица на испрашување.

    Како што објави СВР Струмица, акцијата се случила во близина на селото Бадилен, кога полицијата запрела две моторни возила, натоварени со кутии цигари.

    „Во едно возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со по 49 штеки цигари. Тоа било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило, управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од истото село, биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии. При преземањето на потребните мерки и дејствија, од слобода е лишено и лицето М.Т (52) од село Самоилово, кој управувал мотоцикл ‘хамачи‘ без регистарски таблици“, информираше СВР Струмица.

    При обид за бегство на второто возило, полициски службеници испукале два предупредувачки куршуми.

    На местото на настанот е извршен увид од страна на СВР Струмица во присуство на јавен обвинител.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира