„ВЕТУВАМЕ ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ ДОБРИ МОМЦИ“ – ДЕЦАТА СПАСЕНИ ОД ПЕШТЕРИТЕ ТАГУВААТ ПО ЗАГИНАТИОТ НУРКАЧ

    „ВЕТУВАМЕ ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ ДОБРИ МОМЦИ“ – ДЕЦАТА СПАСЕНИ ОД ПЕШТЕРИТЕ ТАГУВААТ ПО ЗАГИНАТИОТ НУРКАЧНа децата дури вчера им било кажано за трагичниот настан (Фото: Ројтерс)

    Дванаесеттемина млади фудбалери, кои беа извадени од тајландските пештери по две недели, тагуваат по поранешниот маринец, кој го загуби животот во големата меѓународна спасувачка операција.

    Саман Гунан, кој доброволно се пријави да учествува во спасувањето, загина на 6 јули, кога остана без кислород на враќање од пештерите.

    На децата и на нивниот тренер вчера им било кажано за трагичниот настан, кога лекарите заклучиле дека се доволно силни за да ја примат оваа информација.

    „Сите плачеа и го искажаа своето сочувство испишувајќи пораки на цртежот на Гунан. Тие одржаа и минута молчење за него, му се заблагодарија и му ветија дека ќе бидат добри момци“, изјавија од министерството за здравство на Тајланд.

    Децата на возраст од 11 до 16 години, чие спасување заврши на 10 јули, ќе останат во болница до четврток, при што им е советувано потоа да избегнуваат медиуми. Тие беа поканети на финалето на Светското првенство во Русија, но мораа да одбијат од медицински причини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира