ЛУДНИЦА ВО ЗАГРЕБ – СВЕТСКИТЕ ВИЦЕПРВАЦИ СЕ ВРАТИЈА ДОМА

    ЛУДНИЦА ВО ЗАГРЕБ – СВЕТСКИТЕ ВИЦЕПРВАЦИ СЕ ВРАТИЈА ДОМАХрватските фудбалери пристигнаа во Загреб неполни 24 часа по освојувањето на светско сребро

    Најдобрите хрватски фудбалери се вратија дома со сребрен медал околу вратот, неполни 24 часа откако во Москва загубија од Франција со 2:4 во финалето на Светското првенство во Русија.

    „Браво ватрени“, стоеше во пораката, што специјално за оваа прилика беше испишана на авионот на „Кроација ерлајнс“ што слета на аеродромот во Загреб, каде што светските вицепрваци беа пречекани од првата група навивачи.

    Централната прослава е закажана на главниот плоштад во Загреб (Фото: Кропикс)

    Централната прослава на еден од најголемите успеси во историјата на хрватскиот спорт се одржа на главниот плоштад во Загреб, каде што луѓето почнаа да се собираат од рани утрински часови.

    Според проценките на хрватските медиуми, хрватските фудбалери во Загреб ги чекаа околу 100.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира