СРПСКАТА ПОРНО ЅВЕЗДА СТОЈА ПРОМОВИРА НАУЧНО-ФАНТАСТИЧЕН ФИЛМ НА ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД

    СРПСКАТА ПОРНО ЅВЕЗДА СТОЈА ПРОМОВИРА НАУЧНО-ФАНТАСТИЧЕН ФИЛМ НА ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИДСтоја во филмот глуми андроид, кој се вљубува во словенски космонаут

    Американската порно ѕвезда со српско потекло Стоја ќе биде гостинка на првото издание на фестивалот на нов европски филм „Бич филм фестивал“ во Охрид, чии проекции ќе се одржуваат на плажа. Фестивалот се отвора утре и ќе трае до 22 јули на плажата Оревче во Градиште.

    Триесет и двегодишната Стоја, чие вистинско име е Џесика Стојадиновиќ, доаѓа во Охрид за да го промовира научно-фантастичниот филм „Ederlezi Rising“, во режија на Србинот Лазар Бодрожа. Проекцијата на филмот ќе се одржи в сабота на плажата Оревче.

    Трикратната добитничка на АВН наградата, што е своевиден порно оскар, која пред неколку години ја заврши кариерата во порно индустријата, во филмот глуми андроид, кој се вљубува во словенски космонаут, кој го игра словенечкиот актер Себастијан Каваца.

    Во официјалната програма ќе бидат прикажани пет филма, а победникот на фестивалот ќе го избере жирито во состав Јелена Јованова, Марјан Алчевски и Весна Дамчевска. Во рамките на фестивалот ќе има и работилници за деца и млади и работилници за актерска игра, филмска едукација и за креативен документарен филм.

    Цената на билетите ќе биде 150 денари.

    На втората фестивалска вечер, во петок, на 20-ти јули, посетителите ќе можат да го гледаат данскиот филм „Холидеј“на  бродот “ „Галеб”, кој во 22 часот ќе тргне од Охрид и ќе плови кон плажата Оревче.

     

    После секоја проекција на филмовите, ќе следат настапи на македонски и интернационални изведувачи. Организаторите најавуваат журки до изгрејсонце.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира