ОЧЕКУВАМЕ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО ЗА 18 МЕСЕЦИ, КАЖА ДИРЕКТОРОТ НА НАТО ЗА ЕВРОПСКИ И ГЛОБАЛНИ ПРАШАЊА

    ОЧЕКУВАМЕ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО ЗА 18 МЕСЕЦИ, КАЖА ДИРЕКТОРОТ НА НАТО ЗА ЕВРОПСКИ И ГЛОБАЛНИ ПРАШАЊАНационалниот координатор за НАТО Стево Пендаровски кажа дека за членство во НАТО се подготвуваме со децении и затоа Македонија е најподготвениот кандидат за членство во историјата на алијансата. - Пендаровски на заедничката прес-конференција со Џејмс МекКи (Фото: Влада)

    Директорот за европски и глобални прашања на НАТО, Џејмс МекКи, очекува Македонија да стане 30. членка на НАТО за 18 месеци, колку што вообичаено трае процесот на примање нови членки во алијансата. Тој денеска ја предводи делегацијата на НАТО во посета на Скопје за почеток на пристапните преговори откако на Самитот во Брисел на 12 јули Македонија и официјално доби покана за членство.

    „Кога постојните 29 членки на НАТО ќе го одобрат вашето членство во националните парламенти, ќе станете 30. членка на НАТО. Со оглед на минатите искуства, очекуваме целиот овој процес да трае околу 18 месеци вкупно“, рече МекКи на заедничката прес-конференција со Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

    Пендаровски кажа дека за членство во НАТО се подготвуваме со децении и затоа Македонија е најподготвениот кандидат за членство во историјата на алијансата.

    „Со посетата на оваа висока делегација на НАТО, де факто, почнуваат претпристапните преговори, а тоа што имаме Делегација на НАТО која што е составена веднаш по донесување на одлуката на Самитот во Брисел значи дека Алијансата е подготвена промптно да одговори на заложбите кои со години ги повторува, тоа е ’политиката на отворени врати‘. Тие имаат намера да ги исполнат своите обврски, ние треба да ги исполниме нашите обврски“, рече Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира