Веб апликации колку слободни места има на одреден паркинг, на која сообраќајница има најголем метеж, што во одреден град е интересно да се посети, кое училиште е најдобро, која болница е најдобра, се дел од новиот портал data.gov.mk за отворените податоци од сите јавни институции, што го подготвува Министерството за информатичко општествo и администрација.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кажа дека на оваа реформа работат со британската амбасада и дека граѓаните ќе имаат пристап до сите отворени податоци од јавните институции, кои се важни за нив.
„Со ова ќе го зголеми учеството на граѓаните во работата на јавната администрација и позитивно ќе се одрази во борбата против корупцијата. Пристапот до отворените податоци ќе даде шанса за отворање на нови бизниси. Целта е услугите да ги донесеме блиску до граѓаните. На новиот портал на лесен и визуелно едноставен начин да се доближат услугите до граѓаните‘, рече Манчевски.
Тој кажа дека многу институции на национално и локално ниво нудат услуги за кои граѓаните воопшто не се информирани и дека на овој начин ќе може да се информираат и да ги добијат потрeбните услуги.
„Достапноста на отворените податоци за бизнис секторот, ќе доведе до нови услуги и нови можности за подобрување на условите за бизнис. Со пристапот до отворените податоци се отстрануваат и техничките пречки за нивно користење. Употребата на податоците ќе биде слободна и бесплатна и за комерцијални и за некомерцијални потреби“, кажа Манчевски.