Зоолошката градина во Каиро негираше дека насликале црни ленти на магаре за да изгледа како зебра, откако фотографија од животното се прошири на интернет.
Студентот Мамуд Сархан ја постирал сликата на Фејсбук откако ја посетил градината во главниот град на Египет, од која се гледа дека „зебрата“ има мало тело, шилести уши, но и црни дамки на лицето.
Откако сликата се прошири на интернет, експерти се посомневаа во видот на животното.
„Муцката кај зебрите е црна, а лентите се поправолиниски и паралелни“, изјави еден ветеринар за телевизијата „Екстрањуз“.
Сархан изјави дека во живеалиштето имаше две животни и дека двете биле осликани.
Директорот на зоолошката, Моамед Султан, инсистира дека зебрите не се лажни.