ЗАЕВ ЈА ПОВИКА ОПОЗИЦИЈАТА ДА ГО ПОДДРЖИ РЕФЕРЕНДУМОТ

    ЗАЕВ ЈА ПОВИКА ОПОЗИЦИЈАТА ДА ГО ПОДДРЖИ РЕФЕРЕНДУМОТПремиерот Зоран Заев утринава беше на отпочнувањето на изградбата на училишта спортска сала во основното училиште „Јероним Дерада“ во Черкеско село, Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев денеска од Куманово ја повика опозицијата да ја подржи иницијативата за одржување на референдум, и да ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање, за да не испушти историската шанса Македонија да биде дел од големото европско семејство и успешно да ги заврши евроинтегративните процеси.

    „Знам дека референдумот ќе биде консултативен и уште еднаш само ја користам приликата да ја повикам опозицијата навистина да се вклучи, и да повика на гласање за да можат граѓаните да излезат масовно и да го искажат својот глас. Знаете дека ова е историска одлука не само затоа што е референдумска туку затоа што преку неа се дефинира иднината на нашата Република Македонија. Од тој аспект сите сме должни како чинители на ова општество, како луѓе кои не поставиле граѓаните, да овозможиме максимални услови за доволно да биде мотивиран нашиот народ да излезе да гласа и да даде, секако, поддршка за конечно овие 27 годишни аспирации на нашата земја, а тоа е членството во НАТО и ЕУ, да го заокружиме. Јас сум убеден дека сме на вистинскиот пат и знам дека ќе успее Македонија“, изјави Заев во Куманово на отпочнување на изградбата на училишта спортска сала во основното училиште „Јероним Дерада“ во Черкеско село.

    Тој потврди дека референдумот треба да се одржи на 30 септември, како и тоа дека мнозинството на пратеници ќе стават свој потпис за отпочнување на иницијативата за распишување на референдумот.
    Прашањето е тоа што го објавивме „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот за помеѓу Република Македонија и Република Грција“, додаде Заев.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира