ГРАД СКОПЈЕ НЕ ЈА ПУШТА ФОНТАНАТА ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

    ГРАД СКОПЈЕ НЕ ЈА ПУШТА ФОНТАНАТА ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕФонтаните на плоштадите Македонија, Филип Втори и на Пресвета Богородица беа пуштени уште во мај, но онаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, како и површинските прскалки летово не проработеа оти е истечен договорот со фирмата која треба да ги одржува (Фото: К. Попов)

    Фонтаната на плоштадот ВМРО не работи. Таа стои конзервирана уште од зимоска. Иако фонтаните на плоштадите Македонија, Филип Втори и на Пресвета Богородица беа пуштени уште во мај, онаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, како и површинските прскалки на Плоштадот летово не проработеа.

    Од Град Скопје велат дека договорот со фирмата која треба да ги одржува фонтаните е истечен и затоа таа не е пуштена. Со изборот на фирма за одржување на фонтаните, сите ќе бидат редовно одржувани.

    „Конкретно за посочената фонтана, постоечкиот договор за одржување на фонтаните во централното градско подрачје е истечен и во моментов Град Скопје има распишано јавен повик за одржување фонтани. Овој повик е распишан со цел да му се помогне на јавното претпријатие ‚Водовод и канализација‘ во овој транзиционен период да се адаптира на одржувањето на фонтаните, со што во иднина би можеле да ги одржуваат и во сезоната и при конзервирањето, како и надвор од експлоатациониот период“, велат од Град Скопје.

    Според договорот на Бирото за јавни набавки, Град Скопје во јули 2016 склучи договор со ГП „Бетон“, која требаше да ги одржува фонтаните две години. Тоа значи дека договорот истекува овој месец и во мај кога беа пуштени останатите фонтани, фирмата според договорот ги одржувала истите.

    Плоштадот ВМРО беше изграден во 2016 и чинеше околу 1,5 милиони евра, пари кои беа обезбедени од буџетот на Град Скопје. Фонтаната е изведена по идејно решение на Елена Дуковска. На врвот стои лав, а на столбот релјефи од историјата на ВМРО.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира