ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ УРИВА ДИВИТЕ НАСЕЛБИ НА КЕЈ КАДЕ СЕКОЈ ДЕН СЕ ПАЛАТ ОГНОВИ

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ УРИВА ДИВИТЕ НАСЕЛБИ НА КЕЈ КАДЕ СЕКОЈ ДЕН СЕ ПАЛАТ ОГНОВИ„На граѓаните им беа изречени опомени и им беше кажано да се обратат во Центрите за социјална помош, да побараат помош и згрижување. Ќе оставиме одреден период луѓето да најдат место за сместување, но доколку не го сторат тоа, ние ќе мора да ги отстраниме“, велат од Град Скопје.(Фото: Град Скопје)

    Инспекторите од Град Скопје им дале рок на граѓаните кои имаат направено импровизирани диви населби да ги отстранат во спротивно тоа ќе го сторат тие. Од Градот велат дека деновиве ги посетиле импровизираните живеалишта на кејот на реката Вардар под Кале и во близина на зградата на Народната банка. По извршениот увид на терен, тие констатираа нарушување на комуналниот ред и јавната чистота, односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота,

    „На граѓаните им беа изречени опомени и им беше кажано да се обратат во Центрите за социјална помош, да побараат помош и згрижување. Ќе оставиме одреден период луѓето да најдат место за сместување, но доколку не го сторат тоа, ние ќе мора да ги отстраниме. На овие локации граѓаните пријавуваат дека се пали отпад, гуми и кабли. Градот Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот. Градот Скопје има намера да го решава ова прашање кое години наназад се провлекува“, велат од Градот.

    Општина Центар кон почетокот на јуни ја урна дивата населба која се наоѓаше во центарот на градот, кај „Урбан парк“, која со години беше узурпирани со картонски куќарки и преполна со пластични шишиња и друг отпад.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира