Привремената Државна изборна комисија на денешната седница си ги скрати трошоците за репрезентација (кафиња, сокови и води) за 50 отсто, а дневници остануваат непроменети. Поради скандалот што го објави американскиот амбасадор Џес Бејли со илјадниците евра во бонуси, кои покрај платите си ги поделија меѓу себе, членовите на претходниот состав на ДИК под притисок на јавноста си поднесоа оставки на функциите.
- ЧЛЕНОВИТЕ НА ДИК ЌЕ ГИ ВРАЌАAT БОНУСИТЕ ОТКАКО ГИ ИСКАРА БЕЈЛИ
- ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЧИЧАКОВСКИ И ЧЛЕНОВИТЕ ДУМА И МИЛЕВ ОД СДСМ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ ОД ДИК
- И РЕКОРДЕРОТ ПО ПАТНИ ТРОШОЦИ СИЛВАНА БОНЕВА И КОЛЕГАТА СРЦЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ ВО ДИК
Тие на претходните два изборни циклуса секојдневно седници закажуваа строго по работното време и така си ги наплаќаа високите суми.
„Дневниците остануваат непроменети. Денешната едногласна одлука на членовите на Комисијата за кратењето за 50 отсто на трошоците за репрезентација има одредена симболика. Јас имам намера да го подобрам имиџот на ДИК“, рече претседателот на Комисијата Оливер Дерковски, прашан за останувањето во сила на висината на бонусите за работењето на претседателот, членовите и генералниот секретар на ДИК.
С. К. ДЕЛЕВСКА