И РЕКОРДЕРОТ ПО ПАТНИ ТРОШОЦИ СИЛВАНА БОНЕВА И КОЛЕГАТА СРЦЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ ВО ДИК

    И РЕКОРДЕРОТ ПО ПАТНИ ТРОШОЦИ СИЛВАНА БОНЕВА И КОЛЕГАТА СРЦЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ ВО ДИКСубхи Јакупи, Солвана Бонева и Сашо Срцев кои денеска поднесоа оставка сликани на една од седниците на ДИК. Во ДИК сега остана само Ермира Асани-Салија, предложена од Движењето Беса

    Силвана Бонева и Сашо Срцев, членови на Државната изборна комисија (ДИК) од ВМРО-ДПМНЕ последни поднесоа оставки, по аферата со нетранспарентното делење бонусите што минатата недела ја откри американскиот амбасадор Џес Бејли.

    Предходно денеска оставки поднесоа Атанас Урумов и Реџеп Прекопуца од редот на експертите и Субхи Јакупи одДУИ, а вчера први оставка дадоа претседателот на ДИК Александар Чичаковски и Игор Милев и Виолета Дума, членови предложени од СДСМ.

    Во ДИК остана само Ермира Асани-Салија, предлоѓена од Движењето Беса која беше избрана непосредно пред локалните избори.

    Оставките на членовите на ДИК, следуваат откако на 4 декември американскиот амбасадор Џес Бејли, откри дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија, а претходно дополнителено добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година.

    По притисокот од јавноста, ДИК одржа јавна седница на 5 декември на која членовите најавија дека ќе ги донираат бонусите во хуманитарни цели.

    Силвана Бонева од Државната изборна комисија за шест месеци земала 12.000 евра за патни трошоци. По Бонева, најмногу пари земал Атанас Урумов кој е од Гевгелија и добил 6.800 евра. Бедредин Ибраими, кој доаѓа од Тетово, зел 3.000 евра, Субхи Јакупи од Гостивар – 2.000 евра. Реџеп Прекопуца добил 500 евра, Игор Милев – 370 евра, а Александар Чичаковски потрошил 150 евра.

    Виолета Дума и Сашо Срцев не зеле ништо за патни трошоци.

    Силвана Бонева беше на удар на јавноста и претходно, кога медиумите објавија дека како пратеничка за само една година, за патни трошоци зела 23.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира